Париз: Пожарот во Нотр Дам ставен под контрола

„Пожарот во катедралата Нотр Дам е ставен под контрола во 3 часот утрово, по осумчасовната огнена стихија, соопшти противпожарна служба на Париз, јавуваат западни медиуми.

Огнот, кој се случи во раните вечерни часови, брзо се распламти, изгоре главната кула, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив.

Пожарникарите успеаја да спречат уништување на главната камбанарија и се обидоа да спасат религиозни реликвии и непроценливи уметнички дела.

Во пожарот еден пожарникар е тешко повреден.