Пеколни температури во Австралија, на полноќ 33 степени

Австралиските власти ги предупредија граѓаните да одбегнуваат престој на отворено поради рекордните температури овие денови во некои делови од земјата.

Делови од државите Нов Јужен Велс и Западна Австралија забележаа ноќни рекорди од 33 степени Целзијусови додека највисоките дневни температури преминуваат 45 степени, објави државниот метеоролошки завод.

Жештината ги „топи“ гумите на камионите

Во Нов Јужен Велс, Западна Австралија, Тасманија и Викторија се очекуваат највисоки температури.

Одбегнувајте физичка активност, пијте доволно течности – тоа е пресудно во овој момент“, изјави директорот за здравство во владата на Нов Јужен Велс, Ричард Брум.

(Фото: ЕПА)