Пендаровски до Тамара: Вие сте наши победници!

Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил и честиташе на нашата претставничка на Евровозија Тамара Тодевска, која синоќа во Тел Авив го освои осмото место.

„Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди макотрпно да се бори за своите соништа, вие сте наши победници! Вчера ни ја донесовте Евровизија дома, заедно пеевме и го споделивме успехот, а граѓаните на Република Северна Македонија се горди на вас! Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud („Горда“), се пласираше на осмото место на 64. издание на избор за песна на Евровизија, со што го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евросонг.