Пендаровски по ниту еден основ не го дискредитира ЈO, реагира неговиот Кабинет

„Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ не го дискредитира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ), ниту постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек“, реагира
Кабинетот на шефот на државата по денеска изнесениот став на ЈОРСМ во врска со изјавата на Пендаровски за случајот „Рекет“.

„Потенцираме дека претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори се за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“, стои во реакцијата.

Кабинетот на Пендаровски уште еднаш укажува дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.