Почина затвореник во „Идризово“ осуден за убиство

Педесет и четиригодишниот затвореник Џенгис Џемаил вчера починал на скопските клиники, од инфаркт. На Џемаил му се слошило додека бил во затворот, по што веднаш бил однесен во болница, но таму констатирале смрт.

„Затвореникот во петокот беше примен во „Идризово“, бидејќи претходно беше во притвор. Во неделата му се слошило, по што бил однесен во болница, вели директорот Мојсоски.

Тој додава дека затвореникот претходно не се жалел на болка и не барал лекарска помош, а според неговиот здравствен картон тој имал преглед во септември минатата година, но и тогаш не се жалел на болка во градите или слично.

Џемаили беше осуден на 20 години затвор за убиство, а на повтореното судење казната му била намалена на 13-години затвор.

извор:фокус.мк