Почнува „Д Фестивал“ во Дојран

Од 6 до 8 јули во Дојран ќе се одржи осмото издание на „Д Фестивал“. На четирите сцени во Дојран ќе настапат македонската група „Архангел“, популарниот диџеј Пол Ван Дајк и амстердамскиот бенд „Мај бејби“, Дуке Бојаџиев, Конкеринг лајон и уште педесетина други изведувачи.

Во посебно уредени зони на кампот се очекува да се сместат од 8.000 до 10.000 посетители. Организаторот „Пасворд продукција“ и покровителот Општина Дојран, освен музичките настапи планираат да се одржат и панел дикусии, предавања, филмски проекции, работилници, мултимедиумски презентации.

Според градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, викендов во Дојран очекува да дојдат до 30.000 луѓе. Влезниците за „Д фестивал“ можат да се купат и пред самиот фестивал. Еднодневниот билет чини 350 денари.

Тридневниот билет промотивно до петок вечер (6 јули) ќе чини 600 денари, а потоа цената ќе се зголеми на 800 денари, односно 650/850 деари со кампување.