Почнува проектот „Поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во Дневниот центар за Даунов синдром во Скопје ќе присуствува на отпочнување на проектот „Поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“.

Проектот е финансиран од Делагацијата на ЕУ во Скопје, а го спроведува „Ептиса“.

Покрај Царовска, како што е најавено, ќе присуствуваат и Софи Беамонт, преставничка на Делегацијата на ЕУ во Скопје и Роберт Кроис, тим лидер на проектот.

Царовска ќе присуствува и на јавната расправа за Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост во 2018 година што ја организира собраниската седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Министерката денеска попладне ќе ја посети и градинката во Општина Босилово, која е во фаза на изградба.