Првпат пронајдена вода на потенцијално населива планета

– Научниците првпат пронајдоа вода во атмосфера на планета кој кружи во населива зона на оддалечена ѕвезда.

Планетата К2-18б оддалечена 111 светлосни години од Земјата е предалеку за да се испрати летало во потрага за живот надвор од нашата матична планета. Но, научниците очекуваат во следните десет години да се лансираат генерации вселенски телескопи со чија помош би можело да се утврди дали има атмосфера на планетата К2-18б, гасови кои би можеле да произведат само живи организми.

К2-18б е двојно поголема од Земјата, а според пресметките до 50 отсто од нејзината атмосфера би можела да се состои од вода.

Астрономите не можат да се согласат дали гасовите можат да докажат присуство на живот.

– Секако ќе биде потребно истражување на хемискиот состав на можеби стотина планети за да сфатиме како се создадени и како се развивале, изјави професорката Џована Тинети, која го предводеше тимот што ја откри водата на К2-18б.

Вода до сега е откриена и на други планети, но тие или се преголеми или се претопли за да би поддржале услови за живот, додека потешко е да се откријат помали и релативни поладни планети.

К2-18б е откриена во 2015 година благодарение на леталото на НАСА, Кеплер. Таа е една од стотината планети чија маса е помеѓу Земјата и Нептун, а ја нарекуваат и супер-Земја.

Се очекува мисијата на НАСА, Теш да открие уште стотина такви планети следната година.