Прв трофеј за Халеп на Вимблдон

Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на Грен слемот Вимблдон.

Таа попладнево во два сета (6:2 и 6:2) ја совлада седумкратната победничка на турнирот Серена Вилијамс од САД.

Мечот траеше 53 минути.

За Халеп ова е прв трофдеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите. Претходно, Романката во 2018 година го освои Ролан Гарос.

Вкупен награден фонд на неофицијалното светско тениско првенство изнесува 49,4 милиони долари.