Презентација на извештај за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Министерството за информатичко општество и администрација денеска на јавна расправа ќе го презентира Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022.

На јавната расправа ќе се обрати заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, и координаторките на четирите приоритетни области.

По презентацијата на Годишниот извештај, ќе се отвори дебата и простор за поставување на прашања, до одговорните лица за четирите приоритетни области во оваа стратегија.