Премиерот Заев со сопругата Зорица на божествена литургија во црквата „Свети Леонтиј“ во Водоча

Премиерот Зоран Заев заедно со сопругата Зорица изутрината присуствуваше на божествена литургија во црквата „Свети Леонтиј“ во манастирот Водоча кај Струмица.

„На Божик, во храмовите се потсетуваме да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање која што нѐ исполнува во овие свечени денови. Радоста да им ја посакаме и подадеме и на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро. Христос се роди!, објави премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.