Разбиена криминална група криумчари на артефакти

Уметнички предмети вредни 40 милиони евра, пронајдени се во текот на четиригодишната полициска акција во Италија, Шпанија, Германија и Велика Британија, и уапсени се 23 лица, соопшто Европол.

Повеќе од 250 полицајци во исто време пребараа 40 куќи во италијанските региони Сицилија, Калабрија, Пиемонт и Апулија, во германскиот град Енинген, во Лондон и во Барселона и притоа одземени се 25.000 уметнички предмети.

Полициската акција траела четири години, а артефактите главно се откопувани во Италија и продавани во аукциски куќи во Германија.

Криминалните групи кои се занимавале со оваа незаконска трговија и кои имале соработници во Барселона и Лондон, европските полицајци ги оценуваат како „добро организирани“.

Операцијата се смета како една од најголемите досега изведени кога е во прашање криумчарење на артефакти од Италија.