Ракометарите на Металург во контролен натпревар го совладаа тимот на Бутел

Екипата на Металург го победи Бутел со 30:26 во тест натпревар одигран вчеравечер во салата „Автокоманда“.

Металург на оваа средба настапи без Шпенде и без Лазаревски, а отпорот на гостинскиот тим беше скршен дури во второто полувреме.

На двете екипи им припадна по едно полувреме.

Првото гостите го завршија со водство (16:14), но металурзи беа многу поуспешни во
вторите 30 минути.

Средбата имаше неколкуминутен прекин и продолжи без по двајца ракометари на двата тима, кои заработија црвени картони.

Металург в недела ќе одигра уште еден пријателски натпревар, повторно во „Автокоманда“. Противник ќе му биде тимот на Тинекс Пролет.