Регионален тренинг за наука и технологија во Скопје

Регионален тренинг за наука и технологија како дел од програмата  Глобални иновации преку наука и технологија ГИСТ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на американскиот Стејт департмент, во соработка со VentureWell и локалниот партнер  Стартап Македонија.

На тренингот е најавено учество  на млади и иновативни претприемачи од 12 држави од Источна Европа и Балканот: Северна Македонија, Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Црна Гора, Србија и Украина.

Меѓу учесниците се и Ајви Шултц, директор на катедрата за Претприемништво на престижната Академија по технологија од Колумбија и Игор Маџов, програмски директор на Стартап Македонија и соработник во СЦ/ Венчрс.