РФМ бараат поддршка од навивачите за осминафиналето против Португалија

Ракометната федерација на Македонија упати апел до навивачите во што поголем број да присуствуваат на вечерашниот дуел со португалската селекција и да помогнат на
репрезентативците во обидот да изборат пласман во четвртфиналето на Светското првенство за играчи до 19 години.

„Ракометната федерација на Македонија Ве поканува на ден 14.08.2019 со почеток во 20:45 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски да дадеме поддршка на нашите репрезентативци за 1/8 натпревар со репрезентацијата на Португалија“, стои во повикот на РФМ.

Натпреварот почнува во 20:45 часот, а влезот е слободен.