СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги вознемирува граѓаните преку лажни вести

Скопје, 14 август 2019

Реакција на изјава за медиуми на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Ова веќе личи на тв сапуница, Трипуновски го испратиле на погрешно место, ВМРО ДПМНЕ да престане преку лажни вести да ги вознемирува граѓаните.

Немаат крај очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку измислени, непостоечки случаи.

Активностите на ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски личат на тв сапуница.

Цветан Трипуновски треба да знае дека постојано го испраќаат на погрешно место да држи прес конференции.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ кој Трипуновски трет ден во очај ги повторува и надополнува се веќе демантирани од сите надлежни институции.

Министерството за здравство јавно потврди дека нема ниту еден граѓанин кој е заразен со антракс.

Агенцијата за храна и ветеринарство веќе информираше дека засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста и нема регистрирано нови случаи.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се докажува како симбол на лажни вести и невистини и не нуди ниту една мерка во интерес на граѓаните.

Наместо да пласира измислици и лажни вести, редно е опозициската ВМРО-ДПМНЕ да покаже сериозност и да престане да ги вознемирува граѓаните со лаги и невистини заради остварување на ситни дневнополитички поени.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ