СДСМ: Започна реконструкцијата на 11 средни училишта во главниот град

Започна реконструкцијата на 11 средни училишта во главниот град. За време на летниот распуст планирано е да се изврши целосна реконструкција на фасадите со цел тие да станат енергетски ефикасни, а во оние училишта каде што е потребно ќе се изврши и целосна реконструкција на внатрешноста, вклучувајќи создавање услови и за децата со посебни потреби, велат од СДСМ со соопштение за јавност.

Одлуката на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, остатокот од парите предвидени за Скопје 2014 –та да ги пренаменат за далеку покорисни цели, а во овој случај за реконструкција на средните училишта, е во интерес на граѓаните, учениците, образовниот процес и животната средина.

Со промените Скопје го врати фокусот на граѓаните и нивните реални потреби. Нема веќе криминални тендери за богатење на поединци, се инвестира во решенија за еколошки почист, функционален и урбан град кој работи за граѓаните.

Започнатиот процес за набавка на 40 еколошки автобуси, решавањето на проблемост со Дрисла, со Усје, засадувањето на 4 илјади нови дрва и други примери покажуваат посветеност за намалување на загадувањето, заштита на животната средина, зголемување на енергетската ефикасност и воедно создавање на подобри услови за живот во главниот град.