СДСМ: Силјановска призна дека не си ги познава државата и сопствениот народ

Кандидатката на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска призна дека не си го познава сопствениот народ.

Силјановска призна дека првпат се запознава со селата и градовите во нашата држава и дека досега не знаела какви се граѓаните што живеат во нив.

Претходно Силјановска призна дека не верува ниту во сопствениот слоган за кампањата, призна дека други и го одбрале а таа само го прифатила.

Граѓаните нема да дозволат кандидат кој не ги познава селата и градовите, кој не го познава сопствениот народ да застане на чело на државата.

Граѓаните, на овие избори ќе одберат вистински претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател кој обединува и води напред кон прогрес и интергација во ЕУ и НАТО.

Центар за комуникации со јавност
Социјалдемократски сојуз на Македонија