Се сруши авион во Австрија, двајца загинати

Две лица денеска загинаа кога во источниот дел на Австрија се сруши мал авион, соопштија официјални лица од службата за вонредни ситуации.

Портпаролот на противпожарната служба, Франц Респергер, изјави за австриската агенција АПА дека авионот се срушил во утринските часови на полјаната покрај патеката на аеродромот Веслау Котингбург, јужно од Виена.

Двајцата мажи останале заробени во тешко оштетената пилотска кабина.