Се урна хеликоптер во Бразил, во тек спасувачка акција

Во Бразил, во близина на градот Гуанабара Беј, се урна хеликоптер, соопшти полицијата, без да прецизира колку луѓе биле во него, во каква состојба се или која е причината.

Како што пренесуваат медиумите, во тек е спасувачка акција. Телевизијата Глобо јави дека во хеликоптерот имало четири лица.

Последните години криминални групи често гаѓаа полициски хеликоптериза време на нивните операции.

Полицијата не соопшти дали хеликоптерот летал во рамки на некоја полициска операција.