Силен земјотрес во Атина

Силен земјотрес со јачина од 5,3 според Рихтер е почувствуван во Атина, во 14.13 часот по локално време, а засега нема информации за повредени или материјална штета.

Епицентарот, според грчката национална опсерваторијата, бил на планината Парнита, на 23 километри северозападно од Атина, а е почувствуван на целата теритија на грчката престолнина.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, земјотресот беше со силен и почувствуван и на отворено, а голем дел од граѓаните ги напуштија своите домови и излегоа на улиците. Веднаш по земјотресот имаше проблеми со мрежата на мобилните оператори и фиксната телефонија, а интернетот функционира нормално.

Неофицијално биле евакуирани тровски центри и јавни објекти во Атина.