Скопје доби нов парк – „Ибни Пајко“

На левата страна на Вардар, во срцето на некогашното Пајко Маало, веднаш зад Националната филхармонија, на површина од околу 11.000 квадратни метри, денеска е отворен новиот градски парк „Ибни Пајко“.

„Градот е особено горд на фактот што за подигнувањето на паркот се потрошени точно 0 денари, преку посебни јавни набавки. Зеленилото, патеките и урбаната опрема што ги гледате тука се одвоени од редовните програми на Градот и јавните градски претпријатија, а мал дел од нив се донација од општествено одговорни компании, нагласи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Во паркот се зачувани постоечките 12 дрва и се засадени се нови 85 садници во дрвореди, изградена е и пешачки патеки, сервисна улица збогатена со улична уметност, а поставена е и функционална урбана опрема.

Пристапите кон паркот се обезбедени со рампи за велосипеди или колички на сите негови влезови, а паркинзите за велосипеди и сервисната станица се поставени на осветлено место под видео-надзор за подобра заштита.

На патеката по должината на булеварот „Гоце Делчев“ е засадена жива ограда за да го штити паркот од прашината и од бучавата на возилата, а во паркот засадени се вкупно 7.500 метри квадратни трева со прскалки и системи за наводнување кои работат на принципот „капка по капка“.