Солскјер: ПСЖ не врати во реалноста

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер синоќа го забележа првиот пораз (0:2) по доаѓањето на „Олд Трафорд“.

Подобри од „црвеените Ѓаволи“ беа фудбалерите на ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Може да се каже дека во последно време имавме неколку натпревари на ова ниво. Сè уште има многу работа пред нас. Но, не можеме да кажеме дека сè е веќе готово. Ќе се обидеме да ја подобриме нашата игра, но денес имавме враќање во реалниот свет“, изјави Норвежанецот.