Сочувство од премиерот Заев до семејствата на загинатите во несреќата на патот Скопје – Тетово

„Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил изрази сочувство за загинатите во тешката сообраќајка што се случи попладнево на патот Скопје – Тетово, кај Карпалак.

„Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски, напиша Заев.

Длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово, изразија и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.