Со 81 глас ЗА Собранието ги усвои уставните амандмани, Македонија цврсто чекори кој НАТО и ЕУ

Со 81 гласови „За“ Законодавниот дом даде зелено светло за амандманите со кои се исполнуваат обврските на Македонија од Преспанскиот договор. Гласањето беше обезбедено откако претходно седницата три дена беше закажувана, додека премиерот Зоран Заев преговараше со Беса на Биљал Касами, околу нивните барања во врска со измените.

На гласањето не присуствуваше најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која го напушти парламентарниот дом со изговор дека нема да учествуваат во договор кој што ја разнебитувал Македонија.

По сите премрежија сепак Уставните измени го добија потрениот број на гласови со што е отворен патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Од сега топката е префрлена во Република Грција каде на потег е Ципрас и владејачката СИРИЗА да го обезбедат потребно мнозинство и во грчкиот парламент да го ратификуваат договорот со што тој и официјално ќе стапи во сила.