Спартак Москва нов член во СЕХА лигата

Руската екипа Спартак Москва во новата сезона ќе настапува во регионалната ракометна СЕХА лига.

Менаџментот на СЕХА донесе одлука Спартак да биде дел од натпреварувањето наместо првично потврдената Татабања од Унгарија.

Дванаесетте екипи ќе бидат поделени во две групи.

Во едната се: Вардар, Спартак, Нексе, Татран, Војводина и Мотор Запорожје.

Другата група ја сочинуваат: Еурофарм Работник, ППД Загреб, Металопластика, Мешков, Телеком Веспрем и Пекинг Универзитет.