Србија испушти победа против Русија

Брзината на Лазар Кукиќ ги поведе „орлите“ кон брз старт на ракометното Светско првенство, но не беше доволна за победа. Дури 30 секунди имаше Србија да дојде до триумф над Русија во дербито од првото коло во групата А во Берлин, а сјајниот продор на младиот бек го засени Олег Грамс, кој со шпага го одбрани неговиот удар.

Во српската репрезентација се чуствуваше шестгодишното отсуство од големите шампионати.

Србија водеше плус три во 10 минута, но Русија до полувремето стаса до израмнување.

Во продолжението српските ракометари два пати го казнија празниот гол на противникот, а потоа поведоа со плус 4 (23:19).

сепакј, Русаите се вратија во игра со серија од 3:0 после тајм аут, а четата на Перуничиќ пропушти многу шанси да го реши натпреварот уште пред тој да заврши.

Грамс во решавачките момети почна добро да брани и фати неколку сигурни топки, а пак Дибиров стаса до двоцифрен учинок.

Во последните пет минути Ненадиќ ги доведе „орлите“ во водство од еден гол предност, а Стефан Вујиќ зголеми на плус два во 57 минута.

Потоа на сцена стапи Дибиров. Прво, тој од контранапад ја намали предноста, а од седум метри донесе потполна драма – 30:30. Тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.