Сугарески и Китанов на увид во рехабилитацијата на патот Струмица – Ново Село

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во рехабилитација на регионалниот пат Струмица – Ново Село.

Патот, во должина од 12,7 километри, е дел од 12. делници што се обновуваат со финансии од 14,3 милиони евра од Светска банка.