Тамара Тодевска влезе во финалето на Евросонг

„Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“)  обезбеди место во финалето на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.

Покрај Тамара во финалето влегоа и претставниците на Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.

Тамара Тодевска во полуфиналето настапи под реден број 17.

Финалето на годинашниот Евросонг ќе се одржи в сабота.