„ТНТ“ го одложи за утре исказот на Рустеми за „Рекет“

Сведочењето на обвинителот Бурим Рустем од СЈО за случајот „Рекет“ во ОЈО е одложено за утре поради денешното рочиште за предметот „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението.

Рустеми за МИА потврди дека исказ за „Рекет“ наместо денеска ќе даде утре во 12:30 часот.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.