Тужба за Епл поради погрешно препознавање лице, бараната отштета е милијарда евра

„Усман Бах (18), студент од Њујорк, поднесе тужба против Епл затоа што нивниот софтвер за препознавање лица погрешно го идентификувал и го поврзал со точно четири кражби во продавници на компанијата. Бараната отштета е една милијарда евра.

Бах во обвинението наведува дека последен пат бил уапсен минатата година во ноември во својот дом во Њујорк, а налогот за апсење вклучувал фотографија на лице кое воопшто и не личи на него.

По прегледот на снимките од надзорните камери во продавниците, и детективите од Њујорк дошле до заклучок дека в притвор имаат погрешен осомничен.

Претходно, момчето било приведено трипати, и тоа во Бостон (на неговата матурска прослава), потоа во Њу Џерси и Делавер.