Турција и Чешка го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО

Народното собрание на Република Турција и Парламентот на Чешката Република вчера го ратификуваа Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Ратификацијата на Протоколот во Турција ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак.

„Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификациониот процес на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес“, напиша Ашкин Бак на Твитер.

Протоколот за членство во НАТО вчера доби зелено светло и во чешкиот Парламент.

„Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса“, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.

Досега дваесеттина земји членки го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО.

Се очекува летово тоа да го сторат и САД, а до крајот на годинава и преостанатите
земји созјузници со што Северна Македонија и официјално ќе стаен 30-та членка на Северноатланстката алијанса.