Украдени 150.000 евра од експозитурата на НЛБ банка во Чаир

Сто и педесет илјади евра се одземени во вчерашниот грабеж во експозитурата на НЛБ банка во Чаир, соопштуваат од Банката.

Вооружениот грабеж се случи вчера во 10:36 часот, при што беше повредени едно лице од обезбедувањето, како и двајца вработени во експозитурата, кои беа полесно повредени и се пуштени на домашно лекување.

Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.

Експозитурата во Чаир ќе продолжи со работа и да опслужува клиенти од утре.