УХМР со вонредни најави за времето, ветер и до 100 километри на час

Засилен ветер од северен правец најавуваат метеоролозите за денеска претпладне и околу пладне.

Ветерот во западните делови  на моменти ќе достигнува брзина до 100 километри на час

Со северниот ветер во северните и западните делови ќе има провејување на слаб снег.