Фон дер Лајен: Брегзит може да се одложи и по трет пат

„На Велика Британија може да и се даде уште еден рок, што значи дека Брегзитот може да биде одложен и по трет пат“, изјави Урсула фон дер Лајен, кандидатот за нов претседател на Европската комисија, пишува денеска весникот „New Europe“.

„Доколку на Велика Британија и треба уште време мислам дека треба да и го дадеме, рече германската политичарка за време на нејзиното сослушување во Европскиот парламент. Иако се надевам дека ќе останете, во наш интерес е да ги надминете своите проблеми. Имаме спогодба што беше потпишана и од двете страни, што ни го дава тоа покритие. Сметам дека е тоа добар договор, но од вас зависи и ваша задача е јасно да ги кажете ставовите“, категорична е Фон дер Лајен.