Честитка од Ахмети по повод Божик

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати четитка до православните верници по повод големиот христијански празник Божик.

„Почитувани православни верници, ми претставува особено задоволство, во мое име но и во име на сите нас при Демократската унија за интеграција, да ви го честитам големиот празник Божик со најискрени желби за спокој, мир, здравје и благосостојба во вашите домови и за вашите најмили.

Славењето и одбележувањето на раѓањето на  надежта и на вербата треба да не поттикне на уште поголема посветеност кон реализација на таа надеж за подобар, посигурен, побезбеден и поперспективен живот за сите нас, заедно.

Посакувајќи ви ги сите благодети за вас и вашите семејства, уверен сум дека нашето заедништво го градиме преку истите стремежи за подобар живот, за соживот, за општество без предрасуди, напредок, мир и интеграција.

Празниците како Божик не потсеќаат да подзастанеме и да размислиме дали сме на правиот пат, а денес јас сум уверен дека сме во правец на нашата заедничка подобра иднина. Честит празник, за многу години, се вели во честитката од Ахмети.