Честитка од Бигорската обител по повод Денот на независноста

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Републиката до сите граѓани упати братството на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир.

„Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста. Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци. Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари“, стои во честитката.

Во честитката се наведува дека 8-ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.

Исто така се посочува дека она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа и „колку еден народ има поразвиено самосозание, толку повеќе тој ја цени слободата”.