Јапонија бара нов селектор

Фудбалскиот сојуз на Јапонија соопшти дека Акиро Нишино нема да биде селектор на националниот тим откако на крајот на јули ќе му истече договорот.

Не успеавме да го убедиме Нишино да остане“, рече претседателот на Сојузот, Кото Тешима.

Фудбалската репрезентација на Јапонија се врати во четвртокот дома после поразот во осминафиналето на Светското првенство од Белгија.

Нишино селекцијата на Јапонија ја превзеде само два месеци пред Мундијалот во Русија, после неочекуваниот отказ кој го доби Вахид Халилхоџиќ. Тој тогаш потпиша договор до крајот на шампионатот.

Акиро Нишино ја водеше јапонската репрезентација до нокаут фазата, прв пат после турнирот во Јужна Африка во 2010 година.

Јапонија во групата ја победи Колумбија со 2:1, играше 2:2 со Сенегал и загуби од Полска со 1:0, пред да биде поразена во осминафинаето од Белгија со 3:2.