Џафери со порака за соживот, заемна почит и негување на вистинските човекови вредности по повод Божик

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод Божик.

„Да Ви посакам празникот да го поминете во мир, спокој и благосостојба, во топлината на вашите домови, опкружени од вашите најмили, да Ви посакам добро здравје, личен и колективен успех во животот, работата, бидете среќни и задоволни, со сето она што го носи празничниот дух, убави и позитивни мисли во умот, јасни пораки за соживот и заемна почит меѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, напредок и благосостојба за Вас почитувани граѓани и за модерна и европска Република Македонија!, стои во честитката.