Џеролин: Удинезе направи многу интелигентен потег со ангажманот на Несторовски

Мануел Џеролин, поранешен спортски директор на Удинезе и Палермо, купувањето на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го оцени како многу паметен потег на клубот од Удине.

„Трансферот на Несторовски е многу интелигентен потег што го направи раководството на Удинезе. Го познавам многу добро овој фудбалер, бидејќи јас го донесов во Палермо. Сметам дека е одличен напаѓач и дека многу добро ќе се вклопи во тимот“, изјави Џеролин.

Несторовски во Удинезе дојде од Палермо по казната што ја доби клубот од Сицилија со одземање бодови и неможност да се бори за враќање во Серија А.

Така по пауза од две сезони, Несторгол повторно ќе настапува во најквалитетната италијанска фудбалска лига.