Руската телевизија РТ ги избра единаесеттемина кои го сочинуваат идеалниот тим на досегашниот дел од фудбалскиот Мундијал. Место меѓу одбраните најде и Лука Модриќ.
Во составот се и двајца руски репрезентативци, голманот Игор Акинфејев и Александар Головин.
Успешноста во последниот натпревар на хрватската репрезентација тешко е да се опише без да се спомене името на Лука Модриќ. Тој ги влечеше конците на целата репрезентација, онака како што прави и во Реал Мадрид. Хрватска се наметна како сериозен кандидат за освојување на своето прво светско првенство и ако успее, тогаш очекувајте дека аеродромот и некои други јавни институции ќе се именуваат по човекот кој сето тоа го овозможи – по Лука Модриќ“, пишува РТ спорт.