Трговскиот ден на Белградската берза помина со скромна инвестициска активност и релативно мала промена на берзанските идекси. Вкупната реализација во тргувањето е 8,4 милиони динари (69 илјади евра).
Индексот Белекс 15 остана речиси непроменет, на 704,04 поени, а стагнираше и Белекс-лајн на ниво од 1.533,32 поени.
Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ беше најпрометен со тргување вредно 4,1 милион динари, со раст на цената од 0,7 отсто.
Аеродромот на почетокот на оваа недела исплати меѓународна дивиденда од минатогодишната добивка на сите кои поседувале акции на оваа компанија до 25 ноември минатата година.
Нафтената индустрија на Србија после повеќедневен пад денеска се задржа на ниво од 650 динари, со регистриран промет од 2,6 милиони.
Благ пад на вредноста на акциите, од половина процент, забележа Енегропроект холдинг, со скромен промет од 0,6 милиони динари по просечна цена од 1,436 динари.
Галеника Фитофармација беше губитник на денот со пад на вредноста на акциите за 1,5 проценти, на 2.606 динари, со исклучително мало тргување.
Странските инвеститори во вкупното тргување учествуваа со удел од 43,09 отсто.