Компанијата Ејпл на новите модели особено внимание ќе посвети на сигурноста, односно на посигурен начин на отклучување на телефонот, како и на купувањето преку „App Store“.
Корисниците на уредите Ајфон и Ајпад наместо класичните шифри за отклучување веќе неколку години можат да користат сензор за отпечаток од прст, но новите модели на телефони би требало имаат екран кој се простира од крај до крај.
Компанијата развива потполно нов сензор кој ќе се користи директно на екран.
Уште не се знае дали Ејпл ќе го доврши развојот на оваа технологија до претставувањето на новите модели оваа година, но се смета дека на сопствениците на уредите со лого – јаболко, во иднина можеби повеќе нема да им биде потребен сензор за отпешаток од прст затоа што компанијата на идните модели би можела да ја користи технологијата на препознавање на лица.
Наместо вметнување на лозинка, телефонот автоматски би се отклучил кога би го препознал лицето на сопственикот.
Се очекува голема брзина на реакција, прилагодливост на различни услови (брзо препознавање на лице во темница) и исклучителна безбедност (телефонот да не може да се отклучи со користење, да кажеме, со фотографија на корисникот).