Дваесет и петгодишниот Александар Гоцев, студент во Германија, е најновиот сопственик на најпосакуваната Милионер џек пот добивка на Државна видеолотарија на Македонија. Неговата добивка изнесува 1.462.511 денари. Милионер џек пот добивката е освоена на 9-ти овој месец во „Спорт Лаиф Трејд“ во Богданци.
Гоцев е 157 играч кој освоил Милионер џек пот.
Во ДВРМ по чекот на добитниот износ Александар пристигна во друштво на неговиот татко. Скромен и срдечен тој ја сподели со нас својата среќна приказна. До сега Александар, татко му и брат му, на видеолотариските терминали неколку пати имале среќа да се радуваат на Мини џек пот добивките.
Освоените 1.46 милиони денари Гоцев не брза да ги потроши веднаш. Најверојатно ќе си купи стан или ќе даде свој придонес во реновирањето на семејната куќа. Александар и во иднина планира да се забавува на видеолотариските терминали.
Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија на Македонија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 157 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 233.345.930 денари. Патем, освоени се и 24.788 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 156.154.466 денари. Мини џек пот добивките се во вредност од четири до пет илјади денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна меѓу 1,2 и 1,8 милиони денари.