Во белоруската метропола Минск вечер со почеток во 21 часот ќе започне церемонијата на отворањето на Европските игри 2019.
Игрите ќе траат до 30 јуни.
Пријавени се околу 3.600 спортисти од 50 земји.
Учесниците ќе се натпреваруваат за 199 комплети награди во 15 спортови.
Натпреварувачи од осум спортови ќе се квалификуваат за Олимпијадата 2020 во Токио.
Македонската експедиција ќе брои 12 натпреварувачи во осум спортови: карате, борење, кајак, џудо, бокс, самбо, стрелаштво и велосипедизам.
На отворањето македонското знаме ќе го носи боксерот Гоце Јанески.