Оливер Змејковски од Виница, стана сопственик на најпосакуваната награда Милионер џек пот на Државна видеолотарија. Неговата добивка изнесува 1.712.603 денари. Џек потот е освоен на 26 октомври годинава во обложувалницата Делта Бет Моцарт во Виница.
Оливер вели дека ги сака игрите на среќа. Ова е неговата прва голема добивка на која посебно се радува.
Возбудено ни раскажа дека во моментот кога ја освоил Милионер џек пот добивката, првично не можел да поверува дека тој е среќникот.
Додека тимот на Државна Видеолотарија му честиташе, тој ни раскажа и за својот план за трошење. Поголемиот дел од добивката, ни рече, ќе ги стави во банка и ќе ги орочи, а со останатиот дел ќе го поднови својот дом.
Во петокот го добивме и најновиот добитник на Милионер џек пот, прв за месец ноември. Добитникот кој сакаше да остане анонимен, на 2 ноември во Глобал Гејминг во Тетово, освои 1.341.853 денари.
Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016 година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 156 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 231.645.676 денари.
Покрај нив, освоени се и 24.662 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 155.581.745 денари.
Мини џек пот добивките се во вредност од четири до пет илјади денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна меѓу 1.200.000 до 1.800.000 денари.