Повеќе стотици гледачи присуствуваа во Виена на премиерната изведба на операта „Пепелашка“ која ја комонираше 11-годишната Британка, Алма Дојчер.
„Операта е изведена пред 540 луѓе кои после претставати стоејќи и аплаудираа на младата композиторка. Алма беше многу среќна што на сцената гледа спектакл кој долго го подготвуваше“, рече портпаролката на малата Алма, Џудит Грејем.
Двочасовната опера, која ја продуцираше едно австриско здружение за поддршка на млади таленти, е адаптирана верзија на приказната „Пепелашка“, а на програмата во виенската палата Баумгартнер ќе биде поставена од 4 јануари.
Главната хероина е млада композиторка која ја нуди својата композиција на принцот-писател, а нејзините две се стри се вообразени диви.
Сите улоги во операта се доверени на возрасни пеачи, а Алма испеа неколку арии, пратејќи се себе на виолина и клавир.
„Композициите често сами настануваат во мојата глава, а тогаш брзо ги запишувам“, изјави младата композиторка во ноември во текот на пробата на „Пепелашка“ во Виена.
Талентот на Алма ги воодушеви диригентите Даниел Баренбој, Зубин Мехта и Сајмон Рајтли, кој рече дека е воодушевен од нејзините способности.
Девојчето од јужен Лондон по премиерата изјави дека е многу возбудена што ја гледа на сцената нејзината опера, но и дека брза да ја заврши работата на концертот за клавир, како и дека планира да напише книга и да сними филм.
https://www.youtube.com/watch?v=FhdgNWSXOFE&feature=youtu.be