Колумбиската полиција соопшти дека уништи 168 лаборатории за производство на кокаин во операција во една прашума на југот на земјата, на границата со Перу и Еквадор.
Полицијата наведе дека во прашумата минатата недела ги открила лабораториите за производство на база за кокаин кои припаѓаат на една шверцерска организација.
Во текот на операцијата во која учествувала и војската, запленети се 4,5 тони кокаин во течна состојба, околу 65.000 литри раствор и 2,4 тони цврста материја која се користи за производство на таа дрога.