Македонското еколошко друштво деновиве во село Стојаково, општина Богданци, забележало страчка која, наместо препознатливите црно-бели, имала доминантно бели и светло кафеави пердуви на главата и во долниот дел од опашката.
Овие карактеристики, според МЕД, се многу ретки, но не и невообичаени.
„Станува збор за генетски промени во експресијата на меланинот, објаснуваат од Друштвото и додаваат дека ова „поинакво“ обојување има повеќе негативни, отколку позитивни придобивки зашто страчката станува лесно препознатлива за предаторите, а се јавува и проблем со терморегулацијата.