Џенерал Моторс (ГМ) се подготвува да ги затвори фабриките во Мичиген, Охајо, Мериленд и Канада и дека го кастри бројот на вработени за 15 отсто во рамки на широкиот план за намалување на трошоците којшто е креиран со цел за зголемување на профитот на компанијата.
Агенцијата АП прецизираше дека ГМ од фабриките ќе отпушти 14.700 работници и вработени во администрацијата во Северна Америка, чии примања се фиксни, и дека на листата за евентуално затворање ќе се најдат пет погони.
Намалувањето ќе опфати 8.100 вработени на административни работи, од кои еден дел ќе добијат пакет акции од компанијата, додека другите ќе бидат отпуштени.
Во фабриките без работа би можеле да останат 3.000 работници во Канада и уште 3.600 во САД. Дел од американските работници би бил префрлен во фабриуките за камиони и СУВ возила во кои ГМ ќе го зголеми производството, соопштија од компанијата.
Најголем број од погодените фабрики прават автомобили кои после 2019 година нема да се продаваат во САД, додава АП. Тие или ќе бидат затворени или можат да се преонтираат на производство на поинакви возила. Судбината на фабриките ќе биде дел од преговорите за колективниот договор со синдикатот следната година.
Редукцијата на бројот на вработените претставува 15 проценти од вкупната ГМ работна сила во Северна Америка која брои 54.000 луѓе.
Овој најголем производител на автомобили во САД, сопственик на брендовите „шевролет“, „бјуик“, „кадилак“ и ГМЦ, наведе дека со овој потег ќе заштеди шест милијарди долари во готово до крајот на следната година, што вклучува намалување на годишните трошоци за 4,5 милијарди долари и намалување на капиталните трошоци за 1,5 милијарди долари.
ГМ не предвидува економска криза, а овие отпуштања ги спроведува „како за неа однапред да се подготвидодека компанијата е силна и додека економијата е силна“, им изјави на новинарите генералната директорка Мари Мари Бара.
Притоа, Бара додаде дека оваа индустрија брзо се менува и се свртува кон производство на автомобили на електричен погон и на автономни возила. Меѓу другото, таа наведе дека тарифите на увезениот алуминиум и челик ја погодија компанијата, но не рече дека имаат какви било врски со реконструирањето, пренесува АП.